Мотоцикл со сферични тркала инспириран од Audi RSQ

Група студенти од Чарлс В. Дејвидсон Колеџот за Инженеринг од Државниот Универзитет од Сан Хозе создале мотоцикл инспирирани концептот за Audi RSQ со сферични тркала од “I, Robot”.

Покрајт тоа што мотоциклот користи еколошки електричен погон, употребата на топки наместо тркала би било побезбедно со оглед на тоа што сфера не може ненадејно да се сврти за 90 степени и да предизвика превртување.

Сферичните тркала – направени од јаглеродни влакна и фиберглас прекриен со индустриска гума – многу го олеснуваат маневрирањето и паркирањето бидејќи мотоциклот покрај напред и назад може да се движи и странично.

Студентите се надеваат дека концептот ќе биде составен и функционален до крајот на оваа година но останува да се види дали ваков концепт некогаш би можел да влезе во сериско производство. Да се надеваме дека по овој концепт инспириран од I, Robot, ќе видиме и неколку концепти инспирирани летечките автомобили од Fifth Element. [SphericalDriveSystem]

- Реклама -