Добриот другар Џорџ Клуни

Да се биде пријател на Џорџ Клуни е исплатлива работа, особено затоа што на секој од неговите 14 пријатели им подарил по милионче.

Покрај тоа, на сите им ги платил годишните даноци. Ова се случило во 2013, а за првпат се зборува јавно дури денес.

Клуни ги поканил пријателите кои ги нарекува „дечките“ на вечера, а кога пристигнале, нашле уредно спакувани милион долари во кеш на секој стол, коишто актерот и режисерот им ги подарува во знак на благодарност што му помогнале порано во животот.

Ова првпат го открива Ренд Гербер, сопругот на Синди Крафорд, кој бил меѓу оние кои добиле ваков подарок од Клуни.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Сите кои го добиле овој подарок се значајни личности од животот на Џорџ Клуни. Некои имаат повеќе пари, некои помалку, но тој подеднакво им дал на сите, со благослов да ги користат онакак како што самите сакаат.

- Реклама -