Најмалку 55 лица се повредени во земјотрес којшто ја погоди територијата на Иран. Истиот бил со магнитуда од 6,1 степени според Рихтер.
Епицентарот на земјотресот е 63 километри северно од градот Керман, кој брои 600 илјади луѓе, на длабочина од 10 км. Уште нема извештаи за жртви и уништување.
Во вторникот исто имаше земјотрес во истоимената провинција, со магнитуда од 5,7, каде настрадаа 18 лица.