Груевски пред 14 години, кога беше тазе лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Беше тоа далечната 2003, Мај, пролет, па и за тогашното ВМРО-ДПМНЕ. Младиот и перспективен Никола Груевски стана лидер на тогаш најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш тој  го презема кормилото на ВМРО-ДПМНЕ. Неговото назначување за претседател на партијата следуваше по неколку месечните внатрепартиски превирања, откако неколку месеци порано Љупчо Георгиевски ги загуби изборите од Бранко Црвенковски. Љупчо Георгиевски кој 13 години раководеше со партијата отворено го поддржа Никола Груевски за негов наследник.

Неговото прво соочување со тогашниот лидерот на Социјалдемократите Бранко Црвенковски, завршува со пораз. Партијата на Груевски ги губи претседателските избори во 2004-та година. Груевски го губи и второто соочување со СДСМ на локалните избори во 2005-та година кога ВМРО-ДПМНЕ освојува 21 а Социјалдемократите 37 градоначалнички столчиња. Но, во третиот обид, Груевски на парламентарните избори во 2006-та успева да ја добие власта, и на премиерското столче се задржува 10 години.

Деновиве на големо се зборува за оставката на Груевски, а и за потенцијалните кандидати за лидери на партијата.

Ние ископавме едно интервју на Груевски, во вестите на тогаш најгледаната телевизија во Македонија, и тоа изгледаше вака.

- Реклама -