Добро бе, Заев! Ти барем доаѓаш од приватен бизнис. Газда си. Да те прашам нешто. Ако директорите што си ги поставил во фирмата да управуваат со твоите пари си поделат 16 плати за 12 месеци, а на работниците им фрлиле по некои 2.000 денари за да ги замолчат, ќе им дозволиш ли да продолжат да ти ги трошат парите? Или ќе ги избркаш и ќе си побараш нови директори? Ќе му дадеш ли бонус на директорот само затоа што доаѓал на работа и си ја вршел работата за која е примен? Прашувам за овие од Државната изборна комисија. Оти, ние сме им газди. Наши пари трошат. А тебе сме ти дале мандат да управуваш со нашите пари во наш најдобар интерес.
Еве и вицепремиерот Кочо Анѓушев е газда. Ќе му дозволи ли газда Кочо на некој директор да му потроши 3.000 евра за авионска карта? Веројатно ќе му дозволи, ама ако ептен му е битно директорот да му се појави на некој многу важен настан. За оној, директорот на некоја агенција за туристичка промоција прашувам, што морал да оди до Аргентина, ама бил уморен па си купил карта за бизнис класа. Од нашите пари. Оти ние сме му работодавачи. Се спотерал до Аргентина за нас да нѐ промовира.
Ова е само интро, целата статија ТУКА.