Дали некогаш сте посакале да ја напуштите вашата рутина и да поминете еден викенд, или барем една ноќ во хотел, некаде во изолирана средина каде што ќе можете да се опуштите во природа и да заборавите на градскиот живот. Но, не секое преноќувалиште е релаксирачко, некои можат да бидат и застрашувачки.
Дали некогаш сте посакале да ја напуштите вашата рутина и да поминете еден викенд, или барем една ноќ во хотел, некаде во изолирана средина каде што ќе можете да се опуштите во природа и да заборавите на градскиот живот. Но, не секое преноќувалиште е релаксирачко, некои можат да бидат и застрашувачки.
Хотел дел Коронадо
Хотелот Коронадо се наоѓа на остров во околината на Сан Диего, Калифорнија. Ова луксузното летувалиште на брегот на Пацификот има репутација на романтично прибежиште уште од неговото отворање. Каде што има љубов, секогаш постои ризик од скршени срца и разочарувања, па ни овој хотел не е поразличен. Но, наводно има неколку разочарани гости кои решиле да останат во Хотел Коронадо, дури и по нивната смрт.
Најпознатиот дух во хотелот е жена, Кејт Морган. На крајот од деветнаесетиот век, таа дошла во хотелот за повторно да ја разгори страста и љубовта во својот брак, но нејзиниот сопруг воопшто не се појавил, па Кејт била оставена сама во едно од најромантичните места во светот. Нејзиното тело било најдено неколку дена подоцна на плажата. Собата во која престојувала Кејт, 3502 по нејзината смрт станала жариште за паранормални активности. Гостите кои престојувале во таа соба тврдат дека чуле шепотења, чудни тропања, вратите се отварале и затварале сами по себе, а некои дури и тврдат дека биле допирани од нешто невидливо. Нејзиниот дух наводно бил виден и на плажата каде што решила да си го одземе сопствениот живот.
Хотел Стенли
Овој хотел, поради неговата изолираност, е честа дестинација за оние кои сакаат малку мир и тишина. Но, некои посетители не можат да се опуштат бидејќи мораат да ги делат своите соби со духови.
Двата духови кои наводно престојуваат во овој хотел се Фрилан Оскар Стенли и неговата сопруга Флора, првичните сопственици. Според изјавите на персоналот и посетителите, Флора најчесто свири на пијаното, зашто додека била жива, Флора Стенли била пијанистка. Нејзиниот сопруг сè уште се шета по целиот хотел и си ги извршува своите должности. Уште еден траен гостин на хотелот е младо дете кое може да се чуе во раните утрински часови како трча по ходниците и се смее и се кикоти.
Но, овој хотел е најпознат по тоа што Стивен Кинг тука ја добил инспирацијата за „Сјаењетo“. Младиот Кинг, работејќи на својата трета книга, почнал да пати од писателска блокада, па решил да се изолира и да ги прочисти своите мисли со престој во Хотел Стенли. Посетата на Кинг случајно била неколку дена пред хотелот да биде затворен, па хотелот бил речиси празен.
Хотел Павилион
Хотелот Павилион се наоѓа во центарот на Њу Орлеанс, Луизијана. Гостите на овој хотел секојдневно пријавуваат духови, но неколку духови се спомнуваат многу почесто од сите други.
Посетителите најчесто велат дека го виделе духот на младата девојка, Ада. Приказната за духот на Ада започнува во деветнаесетиот век. Додека таа со нејзината фамилија чекала да се качи на брод, била удрена од кочија. Најчудната работа кај овој дух е што воопшто не личи на дух, повеќето гости тврдат дека разговарале со девојчето и дека таа личела како и секое друго девојче, но потоа таа едноставно исчезнала. Еден млад човек кој престојувал во хотелот за време на фестивалот Марди Гра рекол дека се удрил во Ада, по што неа и паднала торбата. Импресиониран од нејзиниот викторијански костум, тој се обидел да започне разговор. Ѝ ја подигнал торбата, по што таа рекла „извинете, ама многу сум изгубена“ и едноставно исчезнала.
Другите духови кои наводно можат често да се видат во хотелот се аристократска двојка од дваесетите години на минатиот век кои се шетаат по ходниците на третиот и четвртиот кат и млад хипик кој често трча низ лобито и ходниците како нешто да го брка.
Хотелот Провинцијал
Хотелот Провинцијал, како и Павилион се наоѓа во центарот на Њу Орлеанс. Главната привлечност на овој хотел е стариот јужен шарм. Но, хотелот може да се пофали и со паранормална активност која често ги тера гостите да си заминат порано од планираното. Во Американската Граѓанска Војна, хотелот бил претворен во болница од војската на конфедерацијата. Хотелот секој ден добивал голем број на поплаки за духови, од гости, но и од вработените.
Една соба наводно е дом на духот на поранешен војник, кој често се појавува облечен во кафеава униформа. Војникот наводно обожува стара музика, па радиото во собата често само се мести на локалната станица која пушта стари песни. Оние кои престојуваат во собата често кажуваат дека имаат чувство како некој да ги гледа, а посреќните (или понесреќните) дури имаат изјавено дека го забележале строгото лице на духот како ги гледа.
Според вработените, местото каде што можат да се најдат најмногу духови е така наречената Зграда број 5. Во овој дел од хотелот, гостите пријавуваат дека кога ќе отворат врата можат да видат духови на повеќе ранети војници. Духовите исчезнуваат кога ќе се вклучи светлото. Една гостинка која престојувала во оваа зграда дури и тврди дека била извлечена од кревет, влечена по подот на собата и удрена од ѕид. Разбирливо е што го напуштила хотелот уште истата вечер.