Ајфон X ја загуби битката против Самсунг

 

Најновото откровение на Епл и најновата гордост, неговото височество Ајфон X беше поразен на последниот тест на познатиот Consumer Reports од страна на неговиот конкурент Самсунг, па дури и од помалиот „брат“ Ајфон 8. Одличните камера и дисплеј остануваат во сенката на стакленото тело кое може да напукне и под најмал притисок.

И покрај најдобрата камера, па и револуционерниот FACE ID скенер Iphone X сепак останува закован на петтата позиција.

На прво место на листата се најде Samsung 8Plus, по него Samsung 8, па Iphone 8 Plus, па Iphone 8, а зачудувачки Samsung Note е оставен на последната листа на најпрестижни телефони, 6-то место.

IPhone X доби помала вкупна оценка во однос на Samsung Galaxy S8 премиум смартфонот кој се покажал поиздржлив, а и со нешто пониската цена од 1000 долари е поисплатлив за корисниците.

 

- Реклама -