Банкарка убедилa ограбувач да побара кредит

ГрабежАко мислевте дека сте ги чуле сите приказни за глупави криминалци, тогаш се лажете. Она што се случило во една банка во Ватсонвил ги надминува сите граници на глупавоста. Ограбувачот влегол и се заканил со бомба, но банкарката успеала да го убеди да побара кредит.

Ако мислевте дека сте ги чуле сите приказни за глупави криминалци, тогаш се лажете. Она што се случило во една банка во Ватсонвил ги надминува сите граници на глупавоста. Ограбувачот влегол и се заканил со бомба, но банкарката успеала да го убеди да побара кредит.

ГрабежМинатата среда, 59 годишниот Марк Смит влегол во банка во Ватсонвил, Калифорнија и побарал да му бидат дадени 2 илјади долари за да ја плати киријата на неговиот пријател, заканувајќи се дека во спротивно ќе ја разнесе банката со бомбата што ја носел на себе. Менаџерката на банката останала смирена, започнала разговор со ограбувачот и го убедила дека нема потреба од насилство и дека тој едноставно треба да побара кредит. Таа дури му дала и формулари што тој ги пополнувал до моментот кога полицијата дошла (по повикот од банката) и го уапсила.

Марк Смит е обвинет за обид за грабеж, криминални закани и лажно пријавување бомба. Во негов посед не била пронајдена бомба, ниту какво било друго оружје и никој не бил повреден. [Man claiming to have a bomb in Watsonville bank gets talked into filling out loan paperwork, then arrested]

- Реклама -