Фоторепортажа: Солун

СолунСолун е некогашниот економски центар и најголемо пристаниште во Македонија. Денес, се наоѓа во Грција и претставува втор најголем град во оваа соседна држава. Најпознат е по општиот сообраќаен метеж.

Солун е некогашниот економски центар и најголемо пристаниште во Македонија. Денес, се наоѓа во Грција и претставува втор најголем град во оваа соседна држава. Најпознат е по општиот сообраќаен метеж.

Солун

Како и секоја друга добра приказна, така и оваа започнува мизерно – во воз. За среќа, она што се претпоставуваше дека ќе бидат долги и мачни часови со многу застанувања, се покажа како едвај четири и пол часа пат. Попатно, најинтересно беше со македонските граничари кои ни поставија прашање – како можете да немате пенкало (за пополнување на генијалните пријави за преминување граница)? Затоа запомнете – пенкалата се задолжителна опрема за излез од земјава.

Солун

Кога веќе стигнавме на грчката страна, нештата веднаш се сменија. Нивните граничари беа стандардно намќорести и крајно расистички. Откако ги собраа пасошите, по чекањето десетина минути, кутрите се изнамачија со читање на презимињата на Македонците и Србите, по што на ред дојде еден симпатичен пар од Кина. Откако граничарот не успеа да ги прочита по два-три обида, им рече – China – и ги фрли пасошите – како што му доликува на секој европски службеник.

Солун

По стигнувањето во Солун и по излегувањето од железничката станица, добивате чувство дека се наоѓате во Кисела Вода во Скопје. Зградите наликуваат една на друга, тротоарите се тесни и опкружени со огради од градилишта, а сообраќајот е толку лош што не знаете кој автомобил би можел да биде кобен за вас. Но, сосема неочекувано, сите оние што ги застанавме да ги прашаме нешто, беа крајно услужливи и пријатни за разговор.

Солун

Животот денес, во градот на Гемиџиите е правопропорционално скап во однос на големината и хаосот. Најевтиното кафе е 3 евра, додека пристојната храна започнува некаде од 5. А ако не сакате да останете без пари, за услугите на таксистите мора да се ценкате.

Солун

Доколку ви е потребен автобуски превоз до некаде, тогаш повеќе од сигурно е дека ќе добиете конфузни и контрадикторни информации во трафиките во кои се продаваат билетите. Затоа, најдобро е да се консултирате со луѓето што работат по кафулињата.

Солун
Солун
Солун

Грците се толку вљубени во Александар Македонски што го ставаат и на кантите за ѓубре.
Солун

Најлошо е ако сте бугарски турист во Солун – тогаш никаде нема да можете намерно да стигнете!
Солун

Во Солун треба да си ја земете својата глупава торба.
Солун

Патешествието и сите дотогашни маки се исплатеја кога најпосле пристигнавме во клубот Принципал, на 17 километри надвор од градот.
Солун

Пред започнувањето на главниот настан, излезе девојка со правосмукалка на сцената и ја исчисти.
Солун

Причината за посетата на Солун беше настапот на најдобриот прогресивен рок бенд на денешницата, Porcupine Tree. Тие настапуваа ексклузивно, пред публика од едвај 1500 луѓе, а ние имавме среќа да се најдеме таму. Концертот беше вистински спектакл, со енергична изведба и мултимедијални ефекти кои создадоа атмосфера која едноставно не може да се прераскаже.

Солун
Солун
Солун
Солун
Солун
Солун

Секоја приказна со среќен крај е убава приказна. Откако сите се вративме живи и здрави во нашата убава Македонија, можеме да ви пренесеме дел од атмосферата:
Lazarus
{vimeo}14907014{/vimeo}
Time Flies
{vimeo}14909702{/vimeo}
Trains
{vimeo}14908884{/vimeo}

- Реклама -