Вечерва, во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот помеѓу 18 и 19 часот пристигнаа поголем дел од членовите на Извршниот комитет на партијата. Според извори на АЛСАТ-М, состанокот нема дневен ред, но највисоко на агендата се очекува да биде понудената оставка на лидерот на партијата, Никола Груевски.
Доколку Груевски ја понуди оставката, тогаш Комитетот треба да изгласа дали ќе ја прифати истата и кои ќе бидат следните чекори на партијата.
Седницата е свикана откако неделава Груевски најави дека планира да поднесе оставка од лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ.