Гол со глава од 20 метри (видео)

Откако долго немаше постигнато погодок за Њукасл, Папис Сисе се јави на повикот да настапи за селекцијата на Сенегал и конечно постигна гол. И тоа каков!

На дуелот против Брегот на Слоновата Коска во рамките на африканските квалификации за СП во Бразил, Папис во 60. минута при резултат 1:1 доби длабочинска топка и откако забележа дека голманот е истрчан, директно со глава од 20 метри постигна ефектен гол. На крајот, сепак Брегот на Слоновата Коска славеше со 4:2.

{youtube}2aaQCDL0fLQ{/youtube}

- Реклама -