Дваесетина докази дека Јапонците се експерти за кул изуми

Јапонија – земја на контрасти. Од една страна, толку блиски и со огромна почит кон природата. Истото важи и за традицијата. Од друга страна, меѓу лидерите во роботизацијата и во иновацијата. Од трета страна, се страшно, страшно кул.

За ова последново ќе ви демонстрираме и докази.

На пример, нема многу јавни и пепелници во приватните објекти. Локалните не го сакаат мирисот на цигари. Ама затоа имате џебни пепелници. Ако пушите во јавност и ви пријде полицаец, очекувајте да ви понуди вакво.

Имаат вселенски колачи. Треба коментар?

Во лифтовите во Осака има посебен индикатор со икона на чадорче. Свети кога надвор врне, за да знаете да го спремите чадорот, или веднаш да се вратите да го земете, ако не сте го понеле.

Дури и шахтите се убави за гледање.

Во Јапонија има зоолошка градина каде преку специјален отвор на кафезот можете да се ракувате со видрите (и некои други животни).

Јапонски дрон. Веројатно најслаткиот дрон на светот. Сега е таму некаде и лебди низ Меѓународната вселенска станица, фотографирајќи ги астронаутите и нивната околина.

Знаеме дека Јапонците имаат посебна врска со Покемон. Ама знаевте ли дека имаат вака несериозна врска со авионите?

Не е лесно да се вози камион низ малите јапонски улички. Уште потешко е да се маневрира при истоварање. Затоа некои јапонски камиони се отвараат и одзади, како обично, и од страна, зависно од потребата.

Женските тоалети се опремени со хај-тек бидеа со еден куп опции. Една е начинот на измивање, друга е подесување на интензитетот на истата, трета е подесување на температурата на седиштето на веце школката… Покрај тоа, емитуваат и пријатен вештачки звук, зашто Јапонките обично се многу срамежливи и не сакаат некој да ги слуша.

Чадори со скриени цртежи што се гледаат само кога чадорот ќе се намокри. Зар не се кул?

Метални столбови поставени со цел да ги забават брзите велосипедисти кога постои можност дека од зад кривината наидува пешак или друг велосипед.

Сé почесто се користат егзоскелети. Овој на сликата е изум на јапонските научници. Благодарение на егзоскелетот, човекот што го носи добива многу поголема „мускулна“ сила. Цените се од 5.000 долари па нагоре.

На толку опседнатост со Покемон, можно ли е да нема купка во форма на покетопка? Не, се разбира дека не е. Плус, во оваа се крие уште еден помал покемон.

Практично сите гуми за џвакање во Јапонија се продаваат во пакет со посебни салфетки, за да можете да ја ставите изџваканата во џеб или во торба. Обично Јапонците ѓубрето не го фрлаат по улици, туку си го носат дома.

Јапонска фотелја за гејмери.

Custom-изирани дизајнерски овошја. Ем се интересни, ем многу вкусни.

Иднината е денес, барем за Јапонците. Ова е робот фрижидер што сам оди до сопственикот кога овој ќе го повика.

Си играат и со архитектурата. Зошто да е досадно? Ако треба да погодуваме, ова е административна зграда на некој јапонски ланец кафиња.

Телефонска говорница како аквариум за риби. Ем не го нагрдува просторот, ем ја ублажува клаустрофобијата, ем ви дава поголема приватност.

Благодарение на анимето, јапонската младина уште сака да пишува рачно. Тоа важи и за љубовните писма. За тие поневештите, има машини со готови „рачно“ напишани љубовни исповеди.

Во хотелите често ќе видите „паркинзи за чадори“. Така не морате да го носите во соба и да се грижите дали ќе се исуши. Во некои хотели можете да го оставите чадорот и за некој друг кому во иднина би му притребал, а и да земете еден од чадорите бесплатно кога вас ќе ви притреба.

Од една страна, имате Јапонци што сакаат да ги модуваат автомобилите како во Need for Speed Underground. Од друга страна, имате и такви што го преферираат анимираниот „Cars“.

И патем, ако некогаш се најдете во Јапонија и решите да се фотографирате, имајте на ум дека повеќето локални фото-студија ги едитираат очите и ги прават пошироки.

 

 

- Реклама -