Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, во својата нова автобиографска книга: „Мојата деценија во Премиер лигата“ коментира и за Кристијано Роналдо и неговата опседнатост со изгледот.
„Португалецот е неверојатен, таква личност не сум сретнал, опседнат е да се гледа во огледало и да се воодушевува на својот изглед. Дури и кога се подготвуваме да играме фудбал, тој сака да се гледа во огледалото. Има едно само за себе во соблекувалната. Пред да истрча на теренот, тој ја прави истата рутина. Ги облекува дресот и копачките, се врти кон огледалото и гледа како му стојат. Така ментално се подготвува за мечот, па можете да кажете и дека е заљубен во себеси“ открива Вејн Руни во книгата.