Познат доктор сред бел ден влече куче врзано за автомобил

Нов случај на измачување куче предизвика бура реакции на социјалните мрежи. Загрижени граѓани во редакцијата на „Макфакс“ испратија фотографија на која може да се забележи возач како влече куче по струмичките улици.

Според граѓаните, фотографијата е направена додека несовесниот возач го влечел кучето врзано со јаже за неговиот автомобил во селото Мокриево. За оваа појава, како што наведуваат струмичани на социјалните мрежи, била алармирана и полицијата, но дека досега не биле преземени соодветни мерки.

Граѓаните бараат да се спречи ваквото нехумано однесување и изживување со животните. Дел од нив најавуваат дека ќе поднесат пријава со сторителот, а друго, пак, коментираат дека возачот е познат доктор во Струмичко, кој имал миленик кој секое утро го шетал во близина на болницата, поради што не им е јасно ваквото негово однесување.

Извор: Макфакс

- Реклама -