Кога некој ќе спомне плажа најчесто помислуваме на тропска плажа, со чист бел песок, неколку палми и тиркизно сина вода. Но во светот има плажи во сите бои, некои почудни од други. Постојат плажи со црн, зелен, црвен па дури и виолетов песок. А и ние луѓето исто така сме се обиделе да ѝ конкурираме на природата.
Кога некој ќе спомне плажа најчесто помислуваме на тропска плажа, со чист бел песок, неколку палми и тиркизно сина вода. Но во светот има плажи во сите бои, некои почудни од други. Постојат плажи со црн, зелен, црвен па дури и виолетов песок. А и ние луѓето исто така сме се обиделе да ѝ конкурираме на природата.
Плажата Наутхолсвик
Рејкјавик, Исланд
Ако никогаш не сте помислиле на Исланд како дестинација за вашиот одмор, тогаш најверојатно никогаш не сте чуле за плажата Наутхолсвик, која се наоѓа јужно од Рејкјавик. Температурата на водата во овие северни делови најчесто е десет степени целзиусови, но блиските геотермални води кои истекуваат во морето ја загреваат водата во овој затскриен залив на удобни дваесетина степени во лето. Ако и тоа ви е студено, за мала цена можете да уживате во „котел“, мали базени со слатка вода во кои температурата е 37 степени.
Зад плажата: Кога ќе завршите со уживањето во водата, можете да изнајмите брод од локалниот клуб за едрење или да си ги наполните батериите со супа од моркови и дневниот рибен специјалитет во блиското Наутхол Бистро. Ноќите можете да ги поминете во Хотелот Борг изграден во арт деко стил, кој има 56 елегантни соби и се наоѓа до централниот плоштад во Рејкјавик.
Плажата Крозби
Крозби, Англија
Десетина километри северно од Ливерпул се наоѓа малото крајбрежно село Крозби. Ова мало село би било тотално незначајно ако не беа 100 статуи на луѓе во природна големина. Статуите се направени од лиено железо и сите се свртени кон морето. Оваа несекојдневна сцена, наречена Друго Место, е дело на англискиот скулптор Антони Громли, кој го користел сопственото тело за калапите. Статуите кои претходно беа изложени во Норвешка, Германија и Белгија, требало да бидат испратени во Њујорк во 2006 година, но локалното население решило да ги чува. Неко статуи се наоѓаат под вода поради високата плима, поради што со текот на годините, на нив се закачиле школки, и тие се делумно потонати во песокот. Сепак, не би било чудно да помислите дека овие статуи го набљудуваат хоризонтот, ако не се работеше за смрзнувачка локација.
Зад плажата: Во блискиот Crosby Lakeside Adventure Centre кој бил отворен во 2009 има ресторан, бар, базен и фитнес центар. Но, Крозби сè уште нема многу услови за сместување. Хотелот Атлантик во Ливерпул има одличен видик од сите 225 соби. Од хотелот се гледаат историските згради на Ливерпул, како и пристаништето.
Сан Алфонсо дел Мар
Алгаробо, Чиле
Бидејќи Сан Алфонсо дел Мар се наоѓа на огромна плажа на Пацификот, чудно е што баш тука е изграден најголемиот базен во светот. Влегувањето во базенот кој постојано се наоѓа на температура од 26 степени е попривлечно отколку оние 17 степени во морето, каде што дополнително има опасност од големите бранови и силните струи. Овој комплекс кој се наоѓа на централниот брг на Чиле е изграден како модерен град на Маите, со пирамидални згради кои се издигаат над огромниот базен со солена вода. Со должина од над 800 метри и капацитет од речиси 250 милиони литри вода, овој базен повеќе наликува на езеро. Околу базенот има плажи со бел песок, палми и пристаништа за едрилиците кои пловат по проѕирната вода.
Зад плажата: Со толку голем базен, лесно е да се остане во одморалиштето. Ако огромната лагуна не ви е интересна, има нуркање, голф, тенис, параглајдерство, фудбалски и одбојкарски терени, 3D голф симулатор, комплетна теретана, ноќен клуб, амфитеатар на отворено, кафулиња, продавници за сладолед, чајџилници и аквариум. Бидете сигурни дека нема да ви биде здодевно.
Одморалиште Тропски Остров
Краусник, Германија
Сместен во поранешен хангар за цепелини кој покрива површина од околу осум фудбалски терени, Тропскиот Остров најверојатно може да ја носи титулата најголем затворен воден парк во светот (висок 32 ката или доволно место за Статуата на Слободата удобно да се смести внатре). Дури и во најстудените месеци, можете да правите песочни замоци под палми на речиси 200 метри долгата плажа, да се изладите во „морето“, или да се сончате (јужниот дел од покривот е направен од проѕирен материјал). Тропскиот Остров исто така може да се пофали и со најголемата покриена прашума (50000 растенија) и највисокиот тобоган во Германија (25 метри). Исто така има и фитнес центар, терен за мини голф со 18 дупки и вечерни магични претстави.
Зад плажата: Ова одморалиште се наоѓа на 60 километри јужно од Берлин и 100 километри северно од Дрезден, па е лесно пристапно за туристи. Ако не сакате да одите назад до Берлин секој ден, можете да се сместите во една од 28-те соби во Landhotel Krausnick, едноставен, чист и ефикасен ан кој се наоѓа на само пет минути возење од Тропскиот Остров.
Заливот Репулс
Хонг Конг, Кина
Заливот Репулс се наоѓа на јужната страна на островот Хонг Конг, и тука се наоѓа една од најпопуларните плажи во градот, што е очигледно по гужвите кои се собираат тука на сончеви летни денови. Мрежи за заштита од ајкули се поставени во водата, а кога била градена станбена зграда зад плажата, дури и се размислувало за змејот. Според една локална легенда, на врвот на планината живее змеј, па кога се планирала изградбата на зградата, фенг-шуи експерт предупредил дека така ќе се блокира патот на змејот од планината до брегот. Затоа во средината на зградата е оставена голема дупка за да се задоволи змејот и да се избегне многу лоша среќа.
Зад плажата: Заливот Репулс е познат и по статуите на кинеската божица на морето во Светилиштето Квун Јам. Пуштете паричка во устата на статута во форма на риба и ќе имате среќа. Преминете го Мостот на Долговечноста и ќе додате три дена на вашиот животен век. А кога ќе ви биде доста од змејови и суеверие, повлечете се во Џиа, хотел со 54 соби дизајниран од Филип Старк.