Жителите на еден неидентификуван Влез 1-ви деновиве се соочуваат со тешка дилема. Имаат 2 опции:
1. Да си ги подмират трошоците за лифт
2. Да го скинат писменото известување и да се праат дека никој не им кажал, попознато меѓу народот како „ми нисмо одавде“.
Во првиот случај, исходот ќе биде официјално отстранување на известувањето, заедно со парите од џеб. Вториот случај може да резултира со одење пешки, смрт од заглавување во лифт, паѓање сосе лифтот, или анатемисаност со директен амин од МПЦ (во форма на тешка болест).
Им држиме среќа на станарите да ја пронајдат парата и менталната сила потребна за откажување од неа, за да биде ова првото.