Една од најголемите фински прехранбени компании го лансираше првиот леб со инсекти на пазарот.
Според Маркус Хелстром – шефот на пекарскиот сектор на Fazer, една векна леб ќе содржи околу 70 сушени штурци. Штурците се мелат во прав кој потоа се додава во брашното. Сé на сé, штурците чинат 3% од вкупната тежина на лебот.
„Финците се секогаш подготвени да пробаат нови нешта“, вели Хелстром. „Според неодамнешните истражувања спроведени во нордиските земји, Финците имаат најпозитивен став кон инсектите како дел од гастрономијата“, додава Јухани Сибаков – шеф на одделот за иновации.
„Направивме крцкаво тесто за подобрување на вкусот“, наведува тој, додавајќи дека резултатот е „вкусен и хранлив“ и дека Sirkaleipa (лебот од штурци) е „одличен извор на протеини, а инсектите содржат и добри масни киселини, калциум, железо и витамин Б12“.
На човештвото му се потребни нови и одржливи извори на исхрана“, порача Сибаков. Промената на финскиот закон со која се овозможуваат инсекти во исхраната, пак, е донесена на 1 ноември.
И во Швајцарија веќе би требало да продаваат бургери и ќофтиња со инсекти, а дури и во 2013-та се знаеше дека барем 2 милијарди луѓе на планетава веќе јадат инсекти.