Во текот на предизборната кампања, претседателот на САД, Барак Обама, се решил да застане во пицерија во Флорида, сосема непланирано, за да направи пауза од пренатрупаниот распоред. И тогаш…
Сопственикот на пицеријата, Скот ван Дузер, кој е висок 190 сантиметри и тежи 118 килограми, се решил да го прегрне неочекуваниот гостин. Ван Дузер, кој е член на Републиканската партија, изненадувачки му кажал на Обама дека ќе гласа за него, бидејќи му е благодарен за публицитетот од ненадејната посета. Веднаш потоа го подигнал половина метар од подот, правејќи го ова најчудното поздравување со американски претседател до сега.