Ноќеска најзагадено во Скопје и Кавадарци

Во текот на ноќта мерните станици во повеќе скопски општини, како и во другите градови, покажале алармантна концентрација на ПМ10 честички.

Во Карпош и Лисиче состојбата била стабилна и се движела околу границата од 50 микрограми на метар кубен до 14 часот, по што почнала да се зголемува.

Во Центар најзагадено било вчера околу 22 часот и утрово околу 5 часот.

Во Карпош најзагадено било помеѓу 20 и 21 часот, кога концентрацијата на ПМ10 изнесувала 240 микрограми на метар кубен.

За разлика од дневните часови, ноќта во Лисиче загадувањето било 405 микрограми во периодот околу 23 часот.

Во Кавадарци концентрацијата на ПМ10 изнесувала 416 микрограми, во Битола 325, Тетово 375 и Куманово 391 микрограми на метар кубен.

Прочитајте и:  Внимание: Го направија Скопје зоолошка градина, паѓаат фасади, нема безбедност, владее урбана мафијa
- Реклама -