Јане има 9 години и обожава да игра и гледа фудбал. Кога игра фудбал, заборава на се’. Вели дека гледањето фудбал му буди среќни чувства.
Боледува од спинална болест на мускулите и се помага со електомоторна количка. Може да го предводи тимот, да биде капитен.
Вели дека има беспрекорна поддршка од фамилијата, тие му помагаат да го добие лекот и да стане светски познат фудбалер како Роналдо.
„Сите на светот можат да играат фудбал, само треба да бидат еднакви и да се почитуваат“
Ние навиваме за тебе Јане, ти си нашата инспирација.
Ова беше Јане Велковски од Македонија, за проектот #EqualGame
Инаку проектот #EqualGame е поддржан од УЕФА.