Компанија си порача два авиона преку интернет, на кинескиот сајт Alibaba

И на толку примери на луѓе што се зезнале пазарејќи онлајн, поставен е нов врв во купувањето преку интернет. На кинескиот сајт Alibaba продадени се два авиона од моделот Boeing 747, по вкупна цена од 48 милиони долари (320 милиони јуани).

Ова е прв пат на онлајн аукција да бидат купени авиони. Купувачот е кинескиот авиопревозник SF Airlines, а продавач е судот од Шенжен. Авионите се запленети по банкротот на авиокомпанијата Jade Cargo International во 2013-та година.

Огласот на платформата Taobao на Alibaba следеше откако судот спроведе неколку неуспешни „офлајн“ јавни аукции. И ете, им се посреќи – продадоа два од трите понудени авиона.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари
- Реклама -