Кога мажот има можност да мастурбира – тоа и го прави. Зошто да не, кога мастурбацијата помага да се ослободите од стресот, да се опуштите и полесно да заспиете. Но, постојат факти за мастурбацијата кои можеби не сте ги знаеле!
Со мастурбирањето не може да се претера
Да, точно е дека сè што е претерано е штетно. Многу мажи, особено тинејџерите се прашуваат дали можеби претеруваат со мастурбација. Според експертите нема некоја граница која може да каже колку е нормално. Тие велат дека со мастурбацијата не може да се претера зошто тоа е индивидуално и секој маж потсвесно си ја знае границата.
Матурбирањето не носи опасност
Нема ризици од полово преносливи болести, истегнувања мускули или грчења. Не морате да се грижите дали сте закачиле некоја бактерија бидејќи со мастурбирање тоа не можете да го сторите. Единствено нешто што може да се случи е иритација на пенисот, а доколку користите други помагала при мастурбација може да дојде до оштетување на мочниот канал.
Агресивното мастурбирање може да придонесе за неправилна ејакулација
Рековме дека со мастурбирањето не може да се претера и дека не носи опасност. Сепак агресивното мастурбирање може да биде опасно, особено ако мажот користи помагала или мастурбира легнат на стомак. Може да дојде до појава позната како неправилна ејакулација, повреда на мочниот канал и болни иритации.
Објавено во соработка со За Здравје.