Во текот на една година, благодарение на светската турнеја, Бијонсе заработила најмалку 105 милиони долари, објави „Форбс“.
На второ место на листата на најплатени жени музичарки е Адел, која во текот на изминатата година заработила 69 милиони долари.
Во топ 5 најплатени жени музичарки за изминатата година се и Тејлор Свифт, Селин Дион и Џенифер Лопез.