Фејсбук конечно реши да укине една од најиритантните опции поврзани со известувањата, односно „game requests“ за игра која корисникот воопшто не ја ни игра.
Според блог-постот на Фејсбук, веќе извесно време поканите за игри и апликации работат „во позадина“, а нотификациите стигнуваат само преку играта.
На сите ни се има случено упорно да добиваме од тие „game requests“ кои колку и да ги блокираме, упорно стигнуваат.
Значи, оние кои не играат „Candy Crush“, „Farmville“ или „Homescapes“ нема ни да добиваат покани, односно ќе бидат оставени самите да одлучат дали ќе ја вклучат играта или не.