НОВА ДАВАЧКА: Пациентите да плаќаат по 30 денари за посета на матичен?

Капитација од 65 денари, а пациентите да плаќаат манипулативен трошок за посета на матичен лекар од најмалку 30 денари.
Ова се првичните барања на Здружението на приватни лекари за како што велат тие, примарното здравство да профункционира нормално. Барањето тие го доставиле до ФЗОМ и се’ уште чекаат на повикот за средба од страна на директорот на фондот.

Ваквото барање за подигнување на капитацијата и воведување на партиципација од 30 денари лекарите го оправдуваат со тоа дека матичните лекари немаат трошоци само за плати и потрошен материјал, туку и за кирија, софтвер, книговодител, фирмарина и сл.

-Трошоците за живот се зголемуваат и затоа ние бараме поголем бод и од сегашниот 55, барем капитацијата да биде 65 денари. Исто и за манипулативен трошок, мора да се водведе бидејќи пациенти доаѓаат, ќе земат приоритетен упат и нема да идат на лекар. Повторно ќе дојдат, повторно закажување, повторно принтање и сето тоа го одземна времето и на лекарот и на здравствените работници и затоа мора рационално да се троши и времето за работа и здравствениот денари, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ<

Здружението бара и намалување на казните кон примарното здравство и зголемување на буџетите на приватните специјалисти кои работат со ФЗОМ.

- Реклама -