Хигиеничарка украла 5.000 евра oд чанта

Хигиеничарка која била ангажирана за одржување на канцеларии во Скопје доби кривична пријава поради кражба.

Како што наведува МВР, на 28 септември оваа година, 35-годишната вработена додека чистела канцеларија, од чантата на оштетената жена работодавец одзела сума во висина од 5.000 евра.

Поради ова обвинение, СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Р. (35), за која се верува дека парите ги одзела од чанта која претходно била во плакар.

- Реклама -