10 градови кои никој не ги посетува

ГрадовиНаспроти популарните градови што се посетувани од милиони туристи годишно, стојат градовите кои (речиси) никој не ги посетува. Еве ги и причините зошто треба да ги одбегнувате.

Наспроти популарните градови што се посетувани од милиони туристи годишно, стојат градовите кои (речиси) никој не ги посетува. Еве ги и причините зошто треба да ги одбегнувате.

Градови10. Ла Ороја, Перу

Овој град е познат по својата топилница за тешки метали, како олово, цинк, бакар итн. Секое дете во градот има некоја болест што е директна последица од загадувањето со токсините. Згора на тоа, градот редовно добива и токсичен дожд.

Градови9. Сумгајит, Азербејџан

Порано, ова бил многу популарен град. Но, производството на пестициди и индустриски хемикалии и испуштањето на отпадот во Каспиското Море го претвориле во пустелија, каде што процентот на канцерогени заболувања е на енормно високо ниво.

Градови8. Дакар, Сенегал

Иако ова е најмодерниот град во Западна Африка, сепак не е популарен меѓу туристите. Една од главните причини е што иако се тврди дека водата во домаќинствата е чиста и може да се пие, истата е полна со отпадни остатоци и хемикалии.

Градови7. Норилск, Русија

Овој град има 134 илјади жители и најголемата топилница за тешки метали. Градот е толку загаден што животниот век во него се скусува за најмалку 10 години.

Градови6. Линфен, Кина

Овој град има 4 милиони жители. Жителите главно се вработени во индустријата за јаглен, со оглед на тоа што градот е главниот снабдувач на целата држава. Поради тоа, загадувањето е енормно, концентрацијата на прав во воздухот многупати го надминува дозволеното, а водата за пиење е полна со арсен.

Градови5. Арвин, Калифорнија, САД

Се вели дека Арвин е градот со најмногу смог во САД. Концентрацијата е толку голема што по паѓањето на ноќта, тешко е да го забележите оној што чекори крај вас. Одлично место за зацрнување на белите дробови и доживување сообраќајна несреќа.

Градови4. Маљорка, Шпанија

Оние што го посетиле овој град ќе ви кажат колку се непријатни и непријателски расположени локалните жители кон постетителите. Тие што биле таму советуваат да стоите што понастрана и едноставно преберување на Google ќе ви го потврди ова.

Градови3. Јангстаун, Охајо, САД

Луѓето го избегнуваат Јангстаун зашто постои голема веројатност да ве застрелаат ако излезете од дома или од хотелот. Покрај тоа што градот го има прекарот „Главен град на светот според убиствата“, локалната власт е крајно корумпирана, што не ви дава никаква перспектива доколку западнете во неволја.

Градови2. Кој било град во Шри Ланка

Ако сакате мирен (или забавен) одмор, треба да ја одбегнете Шри Ланка. Додека вие ќе сакате да се одморите, локалните жители ќе ви се жалат за сиромаштијата или за нивото на корупција…

Градови 1. Акјак, Алјаска, САД

Името на градот, грубо преведено значи „Другата страна“. Во 2000 година имал 309 жители. Градот има функционален аеродром кој ви овозможува изнајмување приватни авиони, нема свој имот и не наметнува апсолутно никакви даноци. Но, од друга страна, нема ништо посебно во овој град.

- Реклама -