Од студиото Ворнер Брос потврдиле дека веќе се снима втор дел од „Fantastic Beasts and Where to Find Them“, во кој се враќа Еди Редмејн, а ќе глуми и Џад Лоу.
Редмејн повторно ќе го екранизира Њут Скамандер, професорот-љубител на фантастични ѕверки, додека пак Лоу ќе го глуми Албус Дамблдор на млади години.
Официјалниот наслов на второто продолжение е „Fantastic Beasts: The Crimes of Grindlewald“.
Исто така, во овој филм што ќе излезе за точно една година, односно на 16 ноември 2018, ќе глуми и Џони Деп. Всушност, по неговиот лик Гриндлвалд е и насловен самиот филм.