Колку филмови имате изгледано во кои киднапираната жртва не може да гукне „помош!“ зашто устата ѝ е залепена со леплива трака? Или ај полесно прашање, колку филмови имате изгледано без таква сцена?
Дефинитивно овие вториве не се многу, па затоа една млада Корејка решава да испита колку е тоа всушност изводливо во реалниот живот. Излегува дека баш и не е. Да, лентата малку ќе ви го отежне изговорот, ама не е дека нема да можете да изустите ниту еден разбирлив збор. Дури и да ве залепат накрсно, во „+“ (кај се видело некого да залепат во „плус“?!), пак не помага.
Видеово очигледно е правено на шала, ама има добра поента. Следен пат кога некого ќе киднапирате, не паѓајте на филмски фори. Во најмала рака, користете чорапа.