Трампов секретар излажал дека е милијардер

Американскиот секретар за трговија од кабинетот на Доналд Трамп, Вилбур Рос, со години тврдел дека е милијардер и со тоа се нашол на листата на „Форбс“.

Според информациите што самиот Рос ги дал на „Форбс“, тој тежел 2,9 милијарди долари, но од магазинот откриле дека неговото богатство е околу 700 милиони долари.

Рос се бранел дека богатството од 2 милијарди долари го стекнал за семејството и дека со самото тоа не се нашол во извештајот. Од „Форбс“ посочиле дека сега е сосема јасно дека „тие пари никогаш не постоеле“.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
- Реклама -