Куче и патка што можат да ни држат часови за другарство

Кучето треба да е човеков најдобар пријател, ама не и Макс. Макс е најдобар пријател, ама на една патка.

Имал 5 години кога го посвоиле. За кратко време станал пријател со Саша – хаскито кое Патрик и Кирстен Рајли веќе го имале. Но Саша си го изживеала своето, па Макс останал сам и со голема празнина во срцето. Празнина што набрзо ја пополнил Квакерс.

Се здружиле уште по првата средба. Макс почнал често да му дреме до кафезот, па сé повеќе се зближувале. Откако прв пат ги пуштиле надвор заедно, кучево и паткава се немаат разделено. Спијат заедно, јадат заедно, пијат заедно, дури и шетаат заедно (што е врвот на сwaткоста).

Веќе ги знаат сите во околината (гратче со 25 жители, додуша), а и пошироко. Луѓе застануваат со коли за да им се восхитуваат и да ги сликаат. Некогаш дури и се закрчува сообраќајот.

„Кога се враќам од дома, всушност се надевам дека ќе ги видам. Едноставно тоа е скапоцена глетка“, вели сосетката Алиса.

И така, додека луѓето се држат за гуша за разноразни измислени концепти, таму некаде куче и патка си се дружат и си уживаат.

- Реклама -