Со одлука на Владата на РМ, се укинува акцијата за пошумување „Ден на дрвото“, поради нискиот процент на успешност на истата.
Според Владата на РМ, досега се посадени 35 милиони садници, а процентот на успешност од акција до акција се движел меѓу 0 и 15%.
Владата, исто така, ќе донесе нови идеи за активности за пошумување, кои ќе се организираат со програма одобрена од „Македонски шуми“ и ќе се спроведуваат во временски периоди погодни за засадување на дрвја.