Жената што му покажа среден прст на Трамп доби отказ

Откако Џулија Брискман и самата ја сподели виралната фотографија и призна дека таа е главниот протагонист, компанијата Akima LLC во која работела, а која соработува со американската влада, ја повикала на разговор за да ѝ соопшти дека е дојден моментот да се разделат. Причината – „непристојност на друштвените мрежи“.

„Поминуваше крај мене и ми зовре крвта“, рече тогаш 50-годишната самохрана мајка за Huffington Post, образложувајќи го гестот упатен кон колоната на Доналд Трамп. „Си помислив, пак оди на проклетиот голф терен“.

Брискман се бранеше дека фотографијата е направена вон работното време, и дека на друштвените мрежи во ниту еден момент не го споменала името на својата компанија или колегите, но ни тоа не ѝ помогна. Тврди дека и претходно имало сличен инцидент со нејзин колега, но ете, тој не бил отпуштен.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Дури и без работа, вели дека не жали за вниманието што го привлече во медиумите, напротив – задоволна е што токму таа стана симбол на протестот и негодувањето кое, според неа, „одѕвонува во Америка“.

Инаку, да биде поиронично, во моментот кога е направена фотографијата Доналд Трамп навистина патувал кон „Националниот Трампов голф клуб“, оддалечен на 40 километри од Белата куќа.

 

- Реклама -