Актер од „Gossip Girl“ обвинет за силување

Серија на сексуални скандали продолжуваат да го тресат Холивуд. Овојпат, актерката Кристина Коен го обвини актерот Ед Вествик дека се обидел сексуално да ја злоупотреби.

Коен на својот профил на Фејсбук објавила дека била во врска со пријател на Вествик и заедно биле на гости кај него. Таа тогаш и го запознала актерот, кој набргу предложил сите тројца да имаат групен секс, што нејзе не ѝ се допаднало, а на нејзиното момче му било непријатно да замине.

Актерката пишува дека за да ја намали непријатноста, кажала дека ѝ се спие, по што Вествик ѝ понудил да спие во една од неговите спални и дека ќе заминат откако ќе одмори.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Кристина Коен тврди дека се разбудила откако Вествик почнал да ја допира и да ѝ вели дека сака да спие со неа, по што ја силувал. Нејзиното момче, пак, застанало на страна на пријателот, обвинувајќи ја неа за настанот. Коен дури тврди дека Вествик ѝ се заканил дека ако каже на некого, нејзината актерска кариера е завршена.

Ед Вествик сè уште не одговорил јавно на овие обвинувања.

- Реклама -