И тоа имало: Сен Лорен ролшуи-штикли од 2.600 долари

Како високите штикли да немаат донесено доволно болка на светов, па им ставиле и ролшуи. Да, Сен Лорен е светски бренд и има добри дизајни (така викаат), ама очигледно некогаш сакаат да и да си играат мајтап, ко да сакаат да тестираат за што сé луѓево би платиле грдни суми пари.

Така и со штикливе ролшуи. Да речеме дека ќе ти се најдат кога ќе имаш модна ревија во 8, а треба да си во диско во 9 часот во 70-тите. Тоа ќе те кошта 2.625 долари (+ времеплов, се разбира). Да, 2.000 фунти, за најверојатно да завршиш во болница на шиење или во гипс.

Добрата вест е што се распродадени, па нема да можете да бидете следната жртва, дури и да сакате… освен ако не ги најдете и купите на eBay, ама па тогаш веќе си го барате со боринче.

 

- Реклама -