Благодарение на Метеоролошкиот Сателитски Програм, ова е приказ на тоа кој континет колку електрична струја троши. Секоја бела точка претставува светло на град, па само видете кој е најголем, а кој најмал потрошувач на електрична енергија.
Благодарение на Метеоролошкиот Сателитски Програм, ова е приказ на тоа кој континет колку електрична струја троши. Секоја бела точка претставува светло на град, па само видете кој е најголем, а кој најмал потрошувач на електрична енергија.
Оваа мапа ја претставува географската дистрибуција низ светот.
Сателитска слика на САД
Оваа слика ја претставува дистрибуцијата во САД, Канада, Мескико и Карибите. Каде што светлото е најсилно, тоа е Вашингтон, Филаделфија, Њу Џерси, Њујорк и Бостон. На западниот брег: Сиетл, Сан Франциско, Лос Анѓелес и Сан Диего. Истотака, видливи од вселената се и градовите на Хаваи и објектите за преработка на масло во Северна Алјаска.
Сателитска слика на Европа и Африка
Источа Европа е преполна со ноќни светла. Од сликава јасно се гледа дека градовите во Европа се до бреговите. Медитеранскиот брег: Италија, Франција и Шпанија исто така се истакнуваат во потрошувачката на елек. енергија, како и бреговите на Црното и Каспиското море. Северна Африка и џунглите во јужно централната Африка немаат осветлени градови. Најсветлите точки таму се низ должината на реката Нил.
Сателитска слика на Јужна Америка
Градовите во Јужна Америка се концентрирани на југ – кон Атлантскиот брег. Големите области на Амазонот се без светли градови, а некои светли точки кои можат да се видат таму всушност се пожарите.
Сателитска слика на Азија и Австралија
Јапонија се истакнува на оваа слика, заедно со Тајван, Јужна Кореја, Хонг Конг и Бангок. Може да се видат и светлата на железницата Trans-Siberian, кои се наоѓаат во темниот дел на Јужна Русија. Исто така, јасно се гледаат Кина, Индонезија, Индија и источниот брег на Австралија.