Околу 18 часот во Аеродром, во близина на „Ред кафе“ едно лице е застрелано со огнено оружје и е тешко рането.
Според извори од полицијата, лицето со приватно возило е префрлено во една од скопските болници, каде се врши операција.
Лицето е идентификувано како Марио Јанушев, кој е активен фудбалер, потврдува телевизијата Телма.
Очевидците на настанот сведочат дека е пукано во правец на главата и вратот на жртвата.