Денеска во Даут пашин амам започнува ретроспективна изложба по повод 90 години од раѓањето на уметникот Петар Мазев. Настанот е организиран од Националната галерија.
На изложбата ќе бидат изложени околу 70 дела на уметникот. Сите слики се позајмени од Музејот на современа уметност, Завод и музеј Охрид, Културно-информативен центар Скопје и Центар за култура Антон Панов од Струмциа. Дел од сликите се во сопственост на приватни колекционери.
Петар Мазев е иницијатор за формирање на Факултет за ликовна уметност во Скопје. Добитник е на многу награди и признанија за неговиот придонес во развојот на ликовната уметност во Македонија.