Ексградоначалникот на Ѓорче во домашен притвор

Откако утрово беше приведен поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Сокол Митревски, нему му е одредена мерка домашен притвор.

Скопското Јавно обвинителство нареди да се започне истрага против девет осомничени лица кои постапиле незаконски и злоупотребиле службена положба и овластување за градење објекти и доделување правен статус на бесправни градби во висина од 4.100.090 денари.

На сите осомничени им е одземена патната исправа и им е забрането напуштање на живеалиштето. Исто така, тие имаат обврска и да се јават во Суд во одредено време од страна на ОЈО.

- Реклама -