На годинашната ревија на „Викторијас Сикрет“, градникот од фантазиите вреден два милиони долари ќе го носи моделот Лаис Риберо.
Секоја година на своите ревии во декември „Викторијас Сикрет“ презентираат нова колекција, а главен настап е моделот кој го носи ексклузивниот градник, којшто често е изработен од најразлични скапоцени материјали, метали и камења.
Лаис Риберо ќе учествува на ревија на овој бренд по шести пат, но првпат ќе го носи таканаречениот „fantasy bra“.