Парламентот на Каталонија ја изгласа Декларацијата за независност, но кратко потоа Уставниот суд на Шпанија ја отфрли.
Централната власт на Шпанија во петокот ја укина автономијата на регионот, преземајќи ја во свои раце управата. Откако беше разрешен каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, Владата распиша вонредни парламентарни избори што ќе се одржат на 21 декември.
Датумот на изборите го потврди шпанскиот премиер Маријано Рахој.