Колку нафта е потребна за рударење на еден Биткоин?

Биткоин манијата е во полн ек, а инвеститорите постојано бараат нови начини максимално да го искористат ова (веќе релативно) ново поле. Најдобриот начин, се чини, е да се намалат енергетските трошоци при ископувањето (рударењето, аka. „mining“) на овој скапоцен комодитет.

Индустријата на копањето биткоини консумира 22.5 TWh (терават-часови) енергија годишно. Изразено во нафта, тоа се околу 13.24 милиони барели нафта. На секои 10 минути се копаат 12.5 биткоини, што значи дека енергетската цена на еден Биткоин е еквивалентна на 20 барели нафта.

Копањето на биткоин може да е извонредно лукративен бизнис, особено што сега еден биткоин вреди повеќе од 100 барели нафта. Таквата цена го прави еден од најскапоцените комодитети на планетата, а со намалување на  енергетските трошоци, ќе биде уште попрофитабилен, и со тоа поскапоцен.

Да појасниме за тие што не се толку запознаени; биткоин трансакциите се овозможени од компјутери-рудари, кои се натпреваруваат за награди во форма на (виртуелни) монети од биткоин мрежата. Колку повеќе компјутерска моќ користат, толку подобри им се шансите. Замислете го вака: компјутерот е бушилицата за нафта, а хидрауличното копање го правите со врвот на прстите. Подетален опис ќе најдете овде.

Со други зборови, се работи за многу енергетски-интензивен процес. За пример, тоталната енергетска потрошувачка при активностите на копање биткоини, на светско ниво, е 40 пати поголема од таа потребна за работа на целата мрежа на кредитната компанија Visa.

Евтината електрична енергија е токму тоа што ја постави Кина на чело на индустријата со копање биткоини. Годишната цена на енергијата потребна за копање биткоин е тоа што ја одредува неговата економија. Но, при копањето на биткоин, ризикувате репутација, бидејќи или црпите вишок енергија од некое друго место, или сте партнери со владата. И вака и така е „сива област“. А никој не сака при вака софистициран бизнис (мислиме на копањето биткони, се разбира) да зависи од валкан (во смисла – неетички произведен, ама и неквалитетен) јаглен.

Прочитајте и:  Цените на нафтата минатата недела се зголемија за осум отсто поради ескалацијата на Блискиот Исток

Баш затоа, имате компании како HIVE Blockchain Technologies Ltd. (компанија за копање злато што премина во компанија за копање биткоин) кои за седиште на своите операции го одбираат Исланд. Како една од првите јавни компании кои земаа учество во градењето и инфраструктурата на копањето криптовалути, HIVE имаат голема корист од омилениот елемент на Биткоин – мразот.

Како што знаеме, на Исланд е смрзнувачка, па енергетските трошоци за копање биткоин таму се помали. Хардверот што го обавува копањето бара многу енергија и како резултат ослободува огромна топлина, а се додека Исланд е ладен, тоа значи заштеда на трошоци при ладењето на тој хардвер. Тоа го прави Исланд можеби најпрофитабилното место за копање биткоин.

Тоа е уште еден пример дека не толку полека, а сигурно, студените земји стануваат дом на еден нов скапоцен ресурс – „геотермално злато“.

Ако ве интересира кои сé компании се вдомија во Исланд, како Русија се обидува да ѝ стане конкурент на Кина (од каде доаѓаат околу 85% од светската трговија со биткоин), и како милијардерите вложуваат во Биткоин, дочитајте го оригиналниот текст на Oilprice.

- Реклама -