Тројца Македонци се уапсени во Славонски Брод откако се обиделе да прошверцуваат околу 6,5 килограми хероин, во вредност од над 100.000 евра.
На 24-ти овој месец околу 19 часот, на граничниот премин кај Славонски Брод, вработените во граничната контрола се посомневале во исправноста на возачката дозвола на едно возило, во кое имало двајца мажи и една жена, сите македонски државјани.
Откако било утврдено дека возачката дозвола е фалсификувана, при претрес на возилото се пронајдени сомнителните пакети.
Хероинот бил наменет за западноевропскиот пазар. Кај жената сопатник биле пронајдени и наркотични таблетки, за кои таа немала лекарска документација.