На околу 1.200 милји југоисточно од брегот на Африка, се наоѓа островот Маурициус. На југозападниот врв на островот, теренот е таков што создава илузија на подводен водопад. Импресивното визуелно шоу е резултат на ерозијата на песокот и депозитите на калта и наносите. Илузијата е видлива и на Google Maps, а е особено мерачка за фотографирање со дрон.
Иако од друг агол јасно се гледа дека водопад нема, Маврициус нé остава со надеж дека подводни водопади постојат, и дека еден ден ќе најдеме таков, со оглед на тоа колку малку имаме истражено и колку многу не знаеме за океаните. Нели би било импресивно?