Сингапурскиот пасош, според рангирањето на организацијата „Passport Index“ е највредниот на светот, а неговите корисници можат да патуваат без виза во најмногу држави.
Состојбата со визниот режим постојано се менува, па така се менуваат и највредните пасоши речиси секоја година. Жителите на Сингапур може да патуваат без виза во вкупно 159 држави. Со ова, тие станаа прва азиска земја којашто некогаш поседувала највреден пасош на светот.
За споредба, на второ место се наоѓа Германија, чии жители може да патуваат без виза во 158 земји, додека третото место го делат Шведска и Јужна Кореја.
Држава чии жители можат да патуваат без виза во најмалку земји е Авганистан, кои имаат безвизен договор со само 22 држави.