Книга: Собирач на светови

Годината е 1842. Младиот Ричард Бартон отпловува до Индија со Британската источноиндиска компанија. Како што раскажува неговиот локален слуга, уште веднаш по пристигнувањето е јасно дека Бартон е поинаков од другите војници на британската колонијална власт, бидејќи наместо да остане во кампот, тој има желба да ги истражува јазиците и збирните места на локалното население.

Собирач на светови ги следи патувањата на Бартон низ Блискиот Исток и Африка, раскажани од страна на луѓето што го опкружуваат: отоманскиот бег на Хијаз, кој спроведува истражување за неговото патување до светите места, и поранешниот африкански роб, кој го води Бартон до езерото Танганика.

Воден од силниот спој на сочувство, љубопитност и храброст, Бартон ќе стане голем истражувач додека постојано го ризикува својот живот и својата репутација.

Наградуваниот европски бестселер „Собирач на светови“ е возбудлива приказна за извонредниот живот на Сер Ричард Бартон, една од најинтригантните и најконтроверзните личности од викторијанската ера.

Авторот за потребите на романот се упатил на тримесечно патување низ Танзанија по трагата на самиот сер Бартон, што на приказната ѝ дава дополнителна автентичност.

„Тројанов е извонреден раскажувач, неговата приказна содржи живописни слики на магија, на еротични средби и на ужас” – Тајмс литерари саплемент

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

„Постојано задоволство… Тројанов ги ниже бројните наративни гласови во романот со совршен слух” –  Џајлс Фоден, автор на Последниот крал на Шкотска

„Волшебен роман” – Фајненшал тајмс

Илија Тројанов, роден 1965 година во Софија, израснал во Кенија, а денес живее во Виена. Студирал право и етнологија во Минхен и во 1992 година ја основа издавачката куќа „Марино”, специјализирана за африканска книжевност. Во 1998 г. се преселува во Индија од каде што пишува репортажи и есеи. Потоа извесно време живее во Капштат, па се враќа во Германија и на крајот се удомува во Виена.

Досега има објавено преку дваесет книги кои се преведени на мно­гу светски јазици, а добитник е и на бројни книжевни признанија, меѓу кои и наградата за најдобар роман за „Собирач на светови“, доделена од Лајпцискиот саем на книга во 2006 година.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на веб-страницата на Издавачкиот центар ТРИ или на Фејсбук страницата „Вљубени во книгата“.


Добитници на „Тајните писма на калуѓерот што го продаде своето Ферари“ се:

1. Ангела Доневска

2. Венера Николоска

3. Кире Стојчески

- Реклама -