Граѓаните од Тетово во последните денови забележале дека водата за пиење има чуден мирис и се сомневаат во нејзиниот квалитет.
Здружението „Еко Герила“ реагира дека жителите на Тетово се вознемирени поради водата за пиење и дека многу од нив препознале мирис на хемиски пестицид.
Поради тоа, повикуваат на сите одговорни институции да излезат на терен и да испитаат што се случува и дали постои опасност по здравјето на граѓаните и доколку се работи за редовна интервенција за прочистување да ги известуваат граѓаните за тоа навреме.