Месечината им направи „фотобомба“ на НАСА

Набљудувајќи ја сончевата клима од вселенска станица, НАСА успеале да снимат „фотобомба“ на Месечината со камерата на Соларната динамичка опсерваторија.

Овој месечев транзит предизвикал појава наречена парцијална соларна еклипса, бидејќи бил затемнет само дел од Сонцето и истото не било видливо од Земјата.

„Фотобомбата“ на Месечината траела 45 минути. Во тој период биле затемнети максимум 26% од видливата површина на Сонцето.

Соларната динамичка опсерваторија има за задача да го набљудува Сонцето и промените кои настануваат на неговата површина, а затемнувањето, иако само делумно, било лесно забележливо поради тоа што Месечината нема атмосфера, па сенката била јасно видлива.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега
- Реклама -