Доцните вечерни оброци се штетни за здравјето

Во истражување што било направено на лабораториски глувци, во кое тие биле поделени во две групи од кои едната била хранета само 8 часа дневно, додека другата имала достапност до храната 24 часа дневно, биле воочени значајни разлики во зависност од видот на исхрана.

Иако сите глувци внесувале еднакво калорична храна, на крајот на истражувањето кое траело 100 дена јасно се гледало дека глувците кои имале достапност на храната 24 часа имале многу поголеми здравствени проблеми за разлика од глувците кои биле хранети само во текот на 8 часа дневно.

Научниците предупредуваат дека јадењето доцна навечер е многу штетно за организмот, а ова истражување само го докажува тоа. Организмот е активен и троши енергија во текот на денот и затоа храната е потребна. Таа во текот на денот брзо се преработува и претвора во енергија, нешто што не е случај доцна навечер.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

Ако се разгледаат резултатите од истражувањето ќе се забележи дека животните кои биле хранети во текот на целото деноноќие имале двојно поголема тежина од останатите, што јасно укажува на влијанието на ноќните оброци врз телесната тежина.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -