Во Норвешка наскоро ќе се отвори првиот подводен ресторан во Европа, којшто ќе се наоѓа на длабочина од пет метри и ќе има капацитет до 100 гости.
Се очекува дека изградбата на овој ресторан ќе биде готова во 2019 година, додека изведбата на објектот ќе започне во февруари следната година, на брегот на најјужната точка на Норвешка.
Првиот подводен ресторан во Европа е проектантско дело на бирото „Сонхета“, кои се и дизајнери на Националната опера и балет на Норвешка, како и на објектот „Библиотека Александрина“ во Египет.
Подводниот ресторан ќе носи симболично име – „Андер“, а ќе биде изработен од материјали кои ќе ги издржуваат сите временски услови кои може да настанат на норвешкиот брег. Овој објект не претставува опасност за екосистемот, напротив, се очекува дека би можеле благодарение на градбата да се подобрат истражувањата на морските биолози.